Нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина која што се темели на шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се виде светлината и покрај сите темнини. Иднина и надеж која ќе донесе промени, проекти и победи. Иднина која ќе стави крај на сите порази и неуспеси во минатите години. Иднина и надеж која ќе ја смени сликата на македонската политика, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните на митингот во Радовиш.
Тој истакна дека Заев вчера во Тетово говорел за „чиста Македонија“ во некаков етнички контекст и истото го поврзувал со ВМРО-ДПМНЕ.
-Го гледам и се чудам, тој е убеден дека со уште една нова лага, ќе им се прикаже за спасител на другите заедници, а ние да бидеме лошите, оние назадните, прво никогаш не сум изговорил таков збор, тоа не е дел од мојот речник ,тоа не е дел од моето размислување, но еве што го споменал зборот „чиста“, да му одговорам, јас сум за исчистена Македонија од криминалци и измамници како што сте вие, му порача Мицкоски на Заев.
Премиерот Зоран Заев вчера од Тетово изјави дека „чиста Македонија и Македонци-варвари не одат заедно“.
Во ноември ќе има развод на бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА. Слушајте ми го зборот, зборот е збор. Народот не пие нафта. Ќе си останат во опозиција. Им порачувам на Белата палата, дека есапот на пазарот нема да им излезе. Помина времето на деструктивни сили во државата, рече Заев.