Претставен Windows 11 – Развиен според корисничките потреби

од Vladimir Zorba
591 прегледи

Microsoft ја претстави најновата верзија на компјутерскиот оперативен систем Windows 11. Новата верзија е достапна од вторник, а сите корисници на Windows 10 можат да ја преземат бесплатно. Windows 11 е дизајниран да биде полесен за корисниците, изјави за Би -Би -Си портпаролот на Microsoft, Панос Панај.

Според Панај, новиот систем нема да биде екстремно отстапување од она на што луѓето се навикнати, па дури и корисниците кои имаат помало разбирање за технологија, лесно ќе можат да се надградат.

Додаде дека експертите веќе детално го тестирале Windows 11 и дека е убеден дека нема да има поголеми проблеми.

Windows 11 претрпе голем број значајни промени во дизајнот, како и некои промени во перформансите на системот.

Пред се, Start менито е центрирано на екранот, заедно со иконите на лентата со задачи. Со кликнување на копчето „Start“ се отвора мени со често користени апликации.

Панај рече дека Windows 11 е развиен земајќи го предвид начинот на кој луѓето користат компјутери, на што сакаат да кликнат, каде е насочен погледот и слично.

Слични содржини