Борисов: Бугарија мора да го користи Договорот за добрососедството со РСМ како основа за решение

од Берта Китинска
555 прегледи

Бугарија мора да го користи Договорот за добрососедство со Република Северна Македонија како основа за постигнување компромис со нашиот западен сосед, изјави денеска поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во Љубљана.

-Ја уверив претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека доколку ГЕРБ победи  по изборите, ние ќе ги продолжиме нашите политики за проширување на Европската унија кон Западен Балкан. Бугарија мора да го користи Договорот за добрососедство со Република Северна Македонија како основа за постигнување компромиси со нашите западни соседи. Само со проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе има траен мир, одржлив развој и заеднички просперитет во регионот. Нашата одговорност кон идните генерации не обврзува да ги продолжиме нашите напори во оваа насока. Исто така, на Урсула фон дер Лејен и ја истакнав мојата цврста определба Бугарија да се израмни со другите европски земји во справувањето со КОВИД-19, да се вратиме на нашиот пат кон Еврозоната и да ги поддржам напорите на европските лидери за надминување на енергетската криза и климата промена. За таа цел, ГЕРБ ќе вложи напори дефинитивно да победи на изборите на 14 ноември и да работи на конструктивен дијалог со другите одговорни политички сили во Бугарија, напиша Борисов на Фејсбик.

Слични содржини