Шекеринска: Пари не се трошат на споменици, одат таму каде што се најпотребни

од Берта Китинска
658 прегледи

Како Влада и во изминатите години земавме една обврска, да не ги трошиме парите на палати, да не ги трошиме парите на споменици и да не ги вложиме сите во еден квадратен метар во центарот на Скопје. Наместо тоа, решивме парите да одат таму каде што се најпотребни, кај граѓаните и кај општините бидејќи во општините е животот, порача од Ресен, Радмила Шекеринска.

-Успеаваме со политика која претходно сите ја критикуваа, навистина за три, три и пол години минималната и просечната плата да ги покачиме за 6 илјади денари, три пати повеќе отколку што растеле во минатото.Успеавме со тие политики да создадеме и нови работни места, но и да покажаме дека платите мора да продолжат да растат.И затоа излегуваме пред вас и ја бараме поддршка и во нивно име за да продолжиме со таа политика, парите да одат кај граѓаните, парите да доаѓаат во општините, парите да се вложуваат во инфраструктура.И затоа сакам да ви порачам, немајте дилеми, во Ресен излегуваме со „Најдоброто“ за да можат тие да го вратат „Најдоброто“ на Ресен и на Преспа, кажа Шекеринска.

Слични содржини