Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров рече дека дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија
Мицкоски нагласи дека нема Европска Унија со СДСМ, бидејќи, како што кажа, тие се длабоко навлезени во криминал и корупција.
– Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија – и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. А каква е реалноста?, праша Мицкоски.