ВМРО-ДПМНЕ: Болницата изгоре, а никој не е виновен

од Nikola Popovski
261 прегледи

Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе. Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а се што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат.

-Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството, стои во партиското соопштение.

За јавното обвинителство, продолжниот кабел е само причина за пожарот додека виновникот се уште се бара бидејќи како што вели за Сител Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

Се прибираат и други вештачења, документација, податоци, сведочења. Сите тие ќе бидат предмет на разгледување и анализа, по што обвинителите ќе донесат одлука за натамошниот тек на постапката.Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната болница во Тетово е дел од доказите кои ги прибира обвинителството. Целта на нашето работење е да се проверат сите аспекти на настанот и да се утврди вистината и точната причинско-последична поврзаност за настанување на овој трагичен настан, вели Јовески.

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките од првите луѓе во министерството за здравство, откако беше објавен извештајот на ОЈО во врска со причините за трагичниот пожар во тетовската модуларна болница.