333
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека Аријанит Џафери не му се извинил на преседателот Марко Бислимоски по инцидентот во понеделникот на улица „Боемска“.
-Досега Џафери не му се извинил на претседателот Бислимоски, ни изјави Марина Узунов портпаролка на РКЕ.
Министерот за економија Крешник Бектеши, истакна дека го осудува нападот врз претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, додавајќи дека Џафери веќе му се извинил.
– Го погледнав видеото и ги осудуваме ваквите случувања. Бислимоски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, рече денеска министерот.