Андоновски во одбрана на Мицкоски: Јас се договорив со еден од сопствениците да ја отворат винаријата

од Берта Китинска

Актуелниот  советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски, по распитот во полициска станица „Беко“ изјави дека тој побарал од сопствениците да ја отворат кафеаната на „Боемска“ за да седне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Јас го замолив еден од сопствениците на винаријата да ни го отвори внатрешниот дел за да седмен со еден пријател, тој не ни знаеше за кого станува збор.Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок, седнавме и поразговаравме околу час, час и половина. Потоа, тој ја напушти винаријата, по него јас“, рече Андоновски.

Тој додаде дека не ги попречувале инспекторите да влезат во затворениот дел од објектот, што е спротивно на тврдењето од Пазарниот инспекторат.

„Од вас медиумите разберам дека сме биле ние таму во винаријата, дека сме попречувале да влезат инспекторите на трудова инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и ЕБР, тука се нашол и началникот на Интерветна полиција,  Јавниот обвинител најверојатно побарал известување преку МВР да го дорасчистат овој случај, а ја користам оваа пригода да кажам да го погледнат членот 3 од Законот за кривична постапка, кој гласи дека на секој сторител на кривично дело ќе му се суди според кривичното дело кое е пропишано во тој момент. Во меѓувреме, доколку се измени еднаш или двапати тој закон, тогаш ќе се примени законот кој е поволен за сторителот“, изајви Андоновски.

Мицкоски утрово не се појави на распит во полиција за случајот со кафеаната во Дебар Маало, каде што беше затекнат како седи во внатрешноста на објектот, спротивно на протоколите за заштита од ковид-19.

Слични содржини