Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ вешто го испровоцира ДУИ за да привлече гласови

од Симе Стоиков
524 прегледи

„Целата кампања на ВМРО-ДПМНЕ беше обмислена со провокации кон ДУИ и СДСМ. Мицкоски дури и користеше изрази дека СДСМ се измеќари на ДУИ, а нападите кон ДУИ го испровоцираа Ахмети, што имаше ефект на резултатите“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ вешто ги искористи сликите и видеата од митингот на ДУИ кога се скандираше „УЧК“ на плоштад и со тоа го зголеми својот, но и рејтингот на ДУИ.

„Националистичките пораки во последните неколку дена од кампањата, тој наратив, залепи дел од нашите сограѓани да излезат и да го кажат својот став“ рече Бучковски.

Слични содржини