459
Неколку парчиња оружје, како и други предмети се украдени од магацините на поранешната наменска фабрика „Еурокомпозит“. Отворена е истрага, а не е прецизирано каков тип на оружје е украдено.
-На 05.10.2021 во 14:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во периодот од 03.10 до 05.10.2021 непознат сторител со употреба на сила влегол во кругот од фабриката „11-ти Октомври – Еурокомпозит” на ул. „Александар Македонски“, по што со подесен алат влегол во неколку објекти и одзел неколку парчиња оружје и други предмети, велат од МВР.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.