Никогаш не е прифатливо една земја да и диктира било што на друга земја, за било која земја да зборуваме, вели портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, која не сакаше да одговори специфично за случајот со Северна Македонија, но потсети на принципиелната позиција на Европската Комисија, пренесува МИА.
-Ако ме прашувате генерално, воопшто, дали некоја земја треба да и каже на друга што да прави, тогаш одговорт е не. Не зборуваме за диктирање на правила, зборуваме за дискусија за нештата, дискусија за методологија, и тоа е за она што треба да се разговара. Но, би сакала да завршам со коментарот за ова, но дозволете да кажам дека зборуваме генерално, бидејќи не можам да коментирам за што преговараат двете земји, само можам да кажам дека е можно да се најде брзо и позитивно решение за овие различни прашања, истакна Спинант.