293
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е казнет со десет места на стартната решетка за ГН на Турција, откако Мерцедес во петокот го смени моторот на неговиот болид.
На Хамилтон му е дозволено да го менува моторот три пати во една сезона и со оваа промена тој ја надмина таа граница, за што е казнет.
Британецот води со два бода во генералниот пласман пред Холанѓанецот Макс Верстапен, возач на Ред Бул, на седум трки до крајот.
Хамилтон победи во Турција минатата година, освојувајќи ја својата рекордна седма светска титула