Мицкоски: Власта наликува на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе не однесе на натпревар на формула

од Берта Китинска
238 прегледи

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски го обвини Зоран Заев дека пет години ветува влез во Европската Унија, објаснувајќи дека  владата наликува на стар автомобил.

-Власта наликува на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе не однесе на натпревар на формула еден каде ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Уљето е растечено, моторот пред зарибување, а новата боја со која го префарбурваат и не убедуваат дека е најдобар постепено распукува и бледее, вели – Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ЕУ не сака да седи на иста маса со Заев, поради  неговиот криминал, афери и скандал

– И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донесе во државата, народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува пет години по ред и ЕУ е се подалеку од земјава, изјави Мицкоски.