Во одлична форма со речиси 80 години во црна маица и бела капа, Харисон Форд пристигна на Сицилија за да снима уште едно продолжение на познатиот филм за Индијана Џонс.
Откако не одолеа на италијанскиот сладолед и позираше за неколку селфи, познатиот актер ја стави препознатливата кожна јакна, кафеава капа, зеде камшик во рацете и ги сними првите сцени од филмот во продукција на „Дизни“, која ќе се снима во Трапани, Сан Вито Ло Капо, Сегеста, Кефала во Италија.
Филмот треба да чини околу 20 милиони евра, а на него ќе работат околу 600 луѓе. Според весникот „Република“, 400 хотелски соби се резервирани на Сицилија само за луѓето вработени на филмот по вкупна цена од околу 400.000 евра, додека вили се изнајмени за sвездите на филмот по цена од 20.000 евра.
Петтото поглавје од сагата за најпознатиот археолог во светот ќе го режира Џејмс Манголд наместо Стивен Спилберг. Во филмот се појавува и Антонио Бандерас.
Филмот се очекува да излезе на 29 јули 2022 година, неколку дена откако Харисон Форд ќе наполни 80 години.