Мадона одбила улога во „Matrix“

од Vladimir Zorba
609 прегледи

Кралицата на поп-музиката, Мадона гостуваше во емисијата „The Tonight Show“ со Џими Фалон, за промотивната кампања на нејзиниот нов документарен филм. Меѓу другото, пејачката откри дека ја одбила улогата во филмот „Матрикс“, па и понатаму жали за пропуштената прилика.

Откако ја започна својата холивудска актерска кариера во 1985 година со „Desperately Seeking Susan“, Мадона призна пред ТВ водителот дека и биле понудени некои од најголемите улоги во Холивуд.

Ѕвездата призна дека ја одбила можноста да ја игра главната улога во „Catwoman“, која подоцна ја понуди Мишел Фајфер.

Иако Мадона додаде дека не жали што ја одбила улогата во еротската драма „Showgirls“, таа признала дека засекогаш ќе жали за отфрлената улога во филмот „Matrix“.

„Јас, исто така, одбив улога во Matrix. Можете ли да верувате во тоа? Сакав да се убијам“, рече Мадона.

Таа не прецизираше кој лик требаше да го глуми, но главната улога на Тринити на крајот ја доби Кери Ен Мос.

„Тоа е еден од најдобрите филмови некогаш снимени. Мал дел од мене жали за тој момент во мојот живот”, откри таа.

Мадона моментално работи на филм за нејзиниот живот што сама го напиша и режираше.

Иако повеќето холивудски студија веќе се обидоа да снимаат филмови за животот на поп -кралицата, ниту еден од предложените проекти не беше прифатен.

„Мислам: „Зошто овие луѓе би сакале да снимаат филм за мојот живот?“ Нема ништо точно во сценариото“, рече таа за еден филм, кој го окарактеризира како површен и невистинит, додавајќи дека режисерот на другиот предложен филм „не ги цени жените“.

„Нема никој на оваа планета кој може да пишува или режира и снима филм за мене подобро од мене“, заклучува таа.

Слични содржини