Мицкоски: Партизаните залудно не газеа по снеговите и гинеа за слободата

од Nikola Popovski
309 прегледи

11 Октомври е врежан во колективната меморија на Македонија, ден кога слободољубивоста поведе и потоа победи. Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода, и се запиша помеѓу народите предводници на Антифашистичката борба, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја започна својата честитка по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

Според него, „ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле“.

-Партизаните, нашите втори Илинденци, залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме полно право да се повикуваме.

Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот.

Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.

Нашите луѓе се пркосни, храбри, работливи и знаат што сакаат. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори.

За многу години 11 Октомври. Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба, стои во честитката на Мицкоски.

Слични содржини