Се мобилизираме колку што е можно повеќе, бидејќи остануват уште малку можности за промовирање на проектите за развој на Охрид и за излез од ова сивило и политичко мочуриште во кое се наоѓа Охрид и цела Македонија, изминативе 52 месеци Охрид речиси четири години, од она кое беше ветувано буквално ништо не е направено, многу пљачка, многу криминал, многу срам, понижувања и многу малку достоинство, тоа што изрушија, а ништо не изградија, рече денеска претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид.
Тој денеска имаше средба со коалицискиот партнер Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците. Мицкоски рече дека од власта за изборите не очекува ништо осем закани, поткуп, притисоци.
-Ако очекувате поинакво однесување од Зоран Заев и од неговиот кандидат тука во Охрид освен тоа што го видовме изминатите години тогаш се лажете. Ниту охриѓани, ниту пак јас очекувам поинакво однесување од Заев и Спасовски а тоа е многу пари за поткуп, многу притисоци, многу закани, многу уцени. Но, тоа што го слушнав од охриѓани, тие се одлучни да ги поразат и одлучни се да го изберат Кирил Пецаков уште во првиот круг за градоначалник на градот Охрид. Така што мојот совет до нив е дека за бадијала ќе ги потрошат парите и така ќе треба да одговараат бидејќи се крадени тие пари, и нека не прават притисоци, закани, уцени и оние ситни би рекол поддржувачи на Зоран Заев овде во Охрид, бидејќи и тие ќе треба да одговараат после 17ти октомври, додаде Мицкоски.