Грција ќе го зголеми бројот на војници на границата со Турција, плашејќи се од зголемен обид за илегална миграција поради кризата во Авганистан, соопштиле тамошни официјални лица.
Дополнителни 250 офицери ќе им се придружат, во следните неколку месеци, на припадниците на 1.500 гранични сили. Околу 800 дополнителни припадници на граничната служба, исто така, ќе бидат распоредени на аеродромите и регионите во близина на грчко-турската граница.
Грција ја заостри миграциската политика и граничната полиција во изминатите две години, ја заврши изградбата на уште 40 километри ограда на границата со Турција и активираше нов систем за надзор, поради загриженоста дека падот на Авганистан во рацете на Талибанците ќе предизвика нов бран мигранти во Европа.
Таа, исто така, ги отфрли обвинувањата на групите за човекови права дека ги потиснуваат мигрантите од нивните граници и рече дека се што прави е во борбата против илегалната миграција во рамките на меѓународното право.
Грчкиот министер за миграција Нотис Митарахи во парламентот рече дека се поголем број земји од ЕУ вршат притисок врз извршната комисија на ЕУ да преземе построги мерки за да ги одврати мигрантите.
Грција, Полска и Литванија се меѓу 12 -те земји кои минатата недела испратија писмо до Европската комисија со повик за построги мерки на надворешните граници на ЕУ против илегалната имиграција.
Фото: Mikhail Voskresenskiy