Заев апелира: Што поскоро да се потпише договорот со Фронтекс

од Берта Китинска
294 прегледи

Останува од наша страна да апелираме час побргу да се потпише договорот со Фронтекс заради тоа што тогаш е тој мултилатерален договор, вели премиерот Зоран Заев, нагласи дека додека тоа не се случи, ќе се почитуваат билатералните договори со земјите кои имаат ипратени свои полициски сили во земјава.

-Дотогаш остануваме на билатералните договори што ги имаме со сите земји кои имаат испратено свои полициски сили овде, коио работат со нашите буквално од  2015, 2016 година наваму и така ќе продолжиме. Но, верувам дека и за Бугарија како што и за ЕУ, така и за Северна Македонија, и за целиот наш регион, е важно час поскоро да се потпише договорот Фронтекс, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Слични содржини