На кардиологија за прв пат е воведена револуционерна метода на радиофреквентна аблација на со помош на 3Д мапинг

од Берта Китинска
441 прегледи

На Клиниката за кардиологија за прв пат е воведена револуционерна метода на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д мапинг систем, инфоормираше министерот за здравство, вели Венко Филипче.

-Пред пет дена оваа метода е направена во нашата држава кај пациенти со срцева аритмија. Претходно за ваквите интервенции пациентите беа испраќани на лекување во странство. На УК Клиниката за каридологија методата ја изведуваа аритмолози-електрофизиолози и интервенциите со сто отстотна успешност. Денеска, додека во тек беа дел од процедурите имав прилика да поразговарам и со младите колеги на Клиниката. Радиофреквентна аблација на преткоморна фибралација со помош на 3Д мапинг систем е минимално инвазивна техника, а со помош на оваа интервенција се намалуваат компликациите од откачување на тромб што можат да предизвикаат и мозочен удар. Овој тип на аритмија ја зголемува смртноста за 1,3 до 3,5 пати. Намалувањето на компликациите со процент на непосредна успешност е од 95 до 99 отсто. Кај повеќе од 80 отсто од пациентите, по оваа метода не се забелжува повторно јавување на аритмија во период и после една година, вели Филипче.

Слични содржини