Ова е би рекол морален хазард меѓу тоа што го очекувам и тоа што е реално. Очекувам Данела Арсовска да води во првиот круг против Шилегов, вакви се предвидувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој во гостувањето на емисијата „Клик плус“ вели дека „покрај консталацијата и мерењето на јавните мислења, би бил реален и би рекол дека ќе има втор круг“.
-Првиот круг ќе победи и листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе има најголем број на советници во градот Скопје, додава Мицкоски.