Снаа нападнала свекрва во тетовско

од Nikola Popovski
507 прегледи

СВР Тетово привела 21 годишна жена поради напад врз 57 годишната свекрва. Според информациите на полицијата, инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот во заедничкиот семеен дом во едно тетовско село.

-Вчера (11 октомври) во 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 21-годишната С.Д. од тетовско село, која дента околу 12 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнала 57-годишната свекрва. Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината, велат од СВР Тетово.

Приведената С.Д. е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини