Ние ги потценуваме граѓаните. Кај нив има голема политичка свест и култура, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Според него, граѓаните знаат како стојат работите.
-Се фокусираме на сите луѓе и тие нас не перцепираат за иднината. Ние немаме формална коалиција со АА и Алтернатива, потенцира Мицкоски и додава дека тие како партија се чекор понапред во овие избори.
-Граѓаните сакаат проекти и им е преку глава од шунт и естрада, заклучува Мицкоски.