252
Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини, вели претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски кој додава дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список.
-Утре ќе ги предадеме и уредите за биометриска идентификација на гласачите во сите ОИК и изборната комисија за Град Скопје. На овие Локални избори има рекорден број на кандидатски листи, а тоа значи и многу материјал кој навреме ќе се дистрибуира, посочи Даштевски.