Кандидатката за градоначалник на Куманово, Tеодора Димитровска, од движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП/ДОМ денеска во дебатната емисија во „Студио 10 “, кажа дека добива закани од страна на вработени лица во општината и дека за тоа знае и актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.
-Има луѓе во општината кои вршат притисок врз други луѓе да не зборуваме само дека едната страна е лоша, а другата е добра. Вашите „ѓаволи адвокати“ на мене ми се јавуваат и ми се закануваат. И тоа јавно ќе го објавама. Вчера имав разговор во кој добив закана дека по 17 октомври вратите од општината за мене ќе бидат затворени, кажа Димитриевски.
На овие обвинувања Димитриевски и посочи на кандидатката за градоначалник да ги пријави во полиција бидејќи ваквите закани се кривично дело.