На време за Божиќ: Објавен е трејлерот за „Сам дома 6“, се огласи и Меколи Калкин

од Nikola Popovski
597 прегледи

Филмот „Сам дома“ го доби и своето шесто продолжение и ќе биде прикажан на 12 ноември на платформата Дизни +. Заплетот на филмот е скоро ископиран од првиот дел, само што момчето сега се вика Макс, семејството патува без него во Токио, додека негативците се различни во однос на оригиналот, односно се жена и маж.

Она што е интересно е дека полицаецот во ова продолжение се вика Мекалистер, како што беше името на Кевин Мекалистер, херојот на првите два филма „Сам дома“.

Главните улоги ги толкуваат Арчи Јејтс (момче Макс), Ели Кемпер (Пем, женскиот негативец), Роб Дилејни (Џеф, машкиот негативец), Ајслинг Би (Керол, мајката на Макс) и многу други.

Многумина се прашуваа дали Меколи Калкин, кој го играше Кевин Мекалистер, ќе игра во новото продолжение.

Одговорот е познат и дојде лично од Меколи Калкин.

– Здраво на сите. Само предупредување бидејќи денес често го добивам ова прашање: НЕ СУМ во новото продолжение на „Сам дома“. Им посакувам среќа на сите вклучени (во овој проект) – напиша Меколи Калкин.

Слични содржини