Биткоинот „врти“ околу 60.000 долари

од Vladimir Zorba
563 прегледи

Биткоин денеска достигна рекордно ниво во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.

Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари во времето на пишувањето на овој материјал.

Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) е подготвена да дозволи првиот американски биткоин ЕТФ (пасивен трговски фонд) да започне со тргување следната недела, објави „Блумберг“ во четвртокот.

Бен Казелин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за крипто-валути AAX, рече дека скокот на биткоин над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.

„Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот биткоин ЕТF во четвртиот квартал“, рече тој.

Настаните во петокот, исто така, беа поттикнати од твит од канцеларијата на SEC, рече тој.

„Пред да инвестирате во фонд кој има фјучерс договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки“, се вели во соопштението на SEC.

Инвеститорите во криптовалути чекаа вести за одобрување на првиот биткоин ЕТF во земјата, а некои веруваат дека овој потег може да го забрза неговото усвојување и тргување.

Неколку менаџери на фондови, вклучувајќи ги и VanEck Bitcoin Trust, ProShares, Invesco, Valkyrie и Galaxy Digital Funds, се регистрираа за лансирање биткоин ETF во САД. ЕТF за крипто -валути беа лансирани оваа година во Канада и Европа.

Претседателот на SEC, Гери Генслер, изјави претходно дека крипто-пазарот вклучува многу валути кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, оставајќи милиони инвеститори ранливи на ризици.

Во извештајот на „Блумберг“ се вели дека предлозите на ProShares и Invesco се базирани на фјучерс договори и биле поднесени според правилата на заемните фондови, за кои Генслер рече дека обезбедуваат „значителна заштита на инвеститорите“.

SEC не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на Блумберг.

Слични содржини