Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предворјето за влез во ЕУ

од Берта Китинска

Претседателот на Бугарија Румен Радев даде свој коментар во врска со  уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија.

Според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Северна Македонија.

-Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Северна Македонија, додаде Румен Радев, пренесе Бгнес.

Слични содржини