Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, изјави дека ситуацијата во клубот не е толку лоша како што се прикажува во јавноста.
Во интервју за Мундо Депортиво една година откако го напушти клубот, Бартомеу зборуваше за бројните проблеми со кои во моментов се соочува каталонскиот клуб.
„Вирусот не погоди во март 2020 година и од тој момент, приходите на клубот нагло опаднаа. Клубот почна да губи многу пари и приходите се намалуваа и немаше средства за плаќање”, рече Бартомеу.
Тој посочува дека ситуацијата не е толку лоша.
„Сакам да им кажам едно на навивачите, а тоа е дека ситуацијата не е толку лоша како што ја претставува сегашната администрација. Оваа финансиска ситуација е таква поради пандемијата на коронавирус“, истакна Бартомеу.