Вилијам Шатнер одговори на критиките на принцот Вилијам за богатите во вселената

од Vladimir Zorba
594 прегледи

ВИЛИЈАМ ШАТНЕР пред два дена стана најстарата личност што летала во вселената, а патувањето беше многу емотивно и капетанот Кирк се расплака додека му се заблагодаруваше на Џеф Безос за авантурата што му беше пружена.

Сега легендарниот актер ги коментираше изјавите на принцот Вилијам кој ги критикуваше милијардерите Џеф Безос и Елон Маск за нивните вселенски трки и рече дека би било подобро да се спаси земјата.

Шатнер вели дека принцот Вилијам е целосно во грешка.

„Тој е прекрасен Англичанец. Еден ден ќе биде крал на Англија. Тој е прекрасен, нежен, образован човек, но има погрешна идеја“, рече тој.

Да потсетиме, принцот Вилијам беше прилично остар во врска со патувањето во вселената, преку кое се натпреваруваат најбогатите луѓе во светот.

Војводата, кој беше интервјуиран за климатските промени еден ден по авантурата на Шатнер, рече: „Треба да фокусираме некои од најголемите светски умови на обидот да се поправи оваа планета, а не на пронаоѓање на следното место за живеење“.