Стотици вработени во Македонски пошти денеска излегоа на предупредувачки протест.
Според нив, исплатата на месечните лични доходи на вработените се пролонгира со задоцнувања од месец во месец, се работи со дотраени средства за превоз на поштенските пратки, како и несоодветни униформи, што сето заедно неповолно се одразува на квалитетот на услугите што ги дава субјектот.
-Нашиот револт и нашето стравување е поради лошата финансиска ситуација и кризата во која се наоѓа нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација, рече Боро Велигденов од Синдактот на Македонски пошти.