МНР демантира: Главниот споменик на бугарските војници е во добра состојба, без оштетувања

од Nikola Popovski
443 прегледи

„Според извештајот на Управата за заштита на културно наследство – Министерството за култура, и Јавното претпријатие за државни патишта – Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија кои направија вонреден увид, констатирано е следново:

Прво, главниот споменик не потпаѓа под никаков режим на заштитен споменик или културно наследство, но и без тоа истиот се наоѓа во добра состојба, без оштетувања, реагираат од нашето МНР, откако беше објавено дека биле уништени воени бугарски гробишта во близина на Кавадарци.

Според МНР, како второ, околу споменикот постои земјоделско земјиште кое се обработува на начин што се заобиколува ова обележје.

-Трето, споменикот е надвор од предвидениот појас за изведба на трајните работи, истиот не е засегнат од какви било извршени градежни работи и по извршениот увид на терен е констатирано дека е без видливи оштетувања.

Ситуацијата на теренот покажува дека во моментов споменикот е физички одделен од трасата на која се изведуваат градежни работи на експресниот пат Градско – Прилеп со заштитна ограда од времен карактер која ќе биде заменета со трајна заштитна ограда предвидена со Основниот проект за изведба.

По изведба на оваа ограда слободниот простор меѓу истата и споменикот ќе биде околу 4 метра. По завршувањето на работите, до споменикот ќе има пристапен простор, со цел тој да биде достапен за заинтересираните посетители;

Четврто, околу овој споменик нема гробишта или гробни места, а според увидот на терен, таквата состојба не се знае дали била различна во минатото.

Околу 100 метра од овој споменик констатирано е дека има и второ помало обележје, чија меморија не е позната, стои во реакцијата на македонската дипломатија.

Од таму додаваат дека се загрижени поради појавата на ваквите шпекулации во последно време се интензивира, што покажува дека се работи за организиран пристап на нивна злоупотреба за што сакаме дополнително да предупредиме на внимателност и одговорно однесување”.

Вчера бугарското Министерство за надворешни работи, соопшти дека нивната земја води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во Република Северна Македонија.

-Во најголем дел, тие се во многу тешка ситуација како резултат на конзистентната политика на дебугаризација што се водеше во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија.

Ние постојано апелиравме за помош до властите во Скопје, кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија. Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 -ти октомври 2019 година на 44 -то Народно собрание, соопштија од бугарската дипломатија.

Слични содржини