Даштевски се надева на „многу подобри избори“ поради воведувањето на отпечаток од прст

од Vladimir Zorba

Државната изборна комисија (ДИК) е максимално подготвена за Локалните избори, изјави во интервју за МИА претседателот на Комисијата Александар Даштевски, и нагласува дека идеални избори не постојат, но се надева дека овие избори ќе бидат многу подобри од кои било други досега бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст.

-Можеби ќе има некакви проблеми, но ќе спречи најголем дел од нерегуларностите што постоеа кај нас. Затоа и се договорија големите партии да го воведат овој начин на гласање, вели Даштевски во интервјуто.

Даштевски нагласи дека е казнив секој обид за манипулација или неправилност или оштетување на уредите за проверување на отпечатоците од прсти на гласачите.

Потенцира дека се што се внесува како податок или колектира во уредите за отпечатоци од прсти ќе се проверува на брзи скенери во Државната изборна комисија.

Слични содржини