Американската вселенска агенција НАСА лансираше летало за проучување на тројански астероиди во орбитата на Јупитер.
Ловецот на астероиди, Луси започна 12-годишно патување по лансирањето од Кејп Канаверал, Флорида, што треба да обезбеди подобро разбирање за потеклото на Сончевиот систем, пренесe Бета.
Околу 2025 година, леталото ќе прелета покрај првиот астероид, наречен Доналд Јохансон, сместен помеѓу Марс и Јупитер.
Потоа, на крајот на деценијата, ќе прелета уште пет астероиди, и конечно во 2033 година, до уште два, секој пат на растојание помало од 1.000 километри. Меѓу астероидите, најголемиот има дијаметар од околу 113 километри.
Речиси 7.000 познати тројански астероиди орбитираат околу Сонцето во две групи, едната пред Јупитер, другата по неа. Научниците сакаат да го проучат нивниот состав и прецизна густина, маса и волумен.
Луси е именувана по 3,2 милиони години стари скелетни остатоци од човечки предок пронајдени во Етиопија пред речиси половина век.
Мисијата ќе чини 981 милиони долари во текот на сите 12 години лов на астероиди.