Новата Бонд девојка за култниот филм: „Се е подигнато на повисоко ниво“

од Vladimir Zorba
556 прегледи

Кубанската актерка Ана де Армас (33) по премиерата на новиот Бонд, „No time to die“ стана една од најпопуларните холивудски актерки. Ана започна да глуми на 18 -годишна возраст во Куба, а доби и улоги во некои шпански серии и филмови.

„Отсекогаш ги сакав филмовите за Бонд – гламурот, локациите и фантастичната атмосфера што го опкружува тој свет“, рече Ана.

Ана го игра ликот на Палома, бестрашен агент кој му помага на Бонд да ја исполни својата последна мисија.

„Моите костими беа многу елегантни, но и многу едноставни. Заедно со фустаните, комбиниравме блескави ѓердани, нараквици и обетки што го подигнаа костимот на ново ниво“, рече таа.

Моментално Ана го снима новиот филм на Нетфликс „Blonde“, во кој ќе ја игра легендарната Мерилин Монро, и ќе биде првата Латиноамериканка што ќе ја игра.

Убавата актерка го напушти Бен Афлек (49) на почетокот на годината, кој пак ја обнови врската со Џенифер Лопез (52) набргу по раскинувањето.

Слични содржини