Контроверзниот ММА борец Конор Мекгрегор не престанува да прави скандали.
Според медиумите во Италија, Ирецот го истепал италијанскиот диџеј и пејач Франческо Факинети, кој во своето обраќање до јавноста истакна дека тој и неговата сопруга биле во друштво на Мекгрегор повеќе од два часа и дека нападот се случил по тоа.
– Ме нападна Конор Мекгрегор. Ми ја пукна устата и ми го скрши носот пред десетина сведоци – рече Факинети и продолжи:
– Ме нападна без причина. Се забавувавме и тој ме покани на друга забава. Кога се согласив, тој ме нападна и почна да ме удира – рекол Факинети.
Италијанецот беше видно потресен од инцидентот.
– Можев да молчам, но не сакам. Морам да кажам дека тој е силеџија и многу опасна личност – рече италијанскиот пејач и ги покажа повредите што ги има.