625
Победуваме во Тетово. Градот за првпат ќе има градоначалник кој ќе се грижи за граѓаните, рече кандидатот за градоначалник на БЕСА и претседател на партијата, Билал Касами во изјава за медиумите.
Според него, Тетово ќе биде град на сите, односно град на културата, образованието, иднината.
Тој им се заблагодари на сите активисти и гласачи на Беса и нагласи дека во вториот круг нема да бидат разочарани.
Според информациите на ДИК, ќе има и втор круг во Тетово, а покрај Касами, ќе се најде и кандидатката на ДУИ и актуелна градоначалничка Теута Арифи.