Комерцијална банка со нов визуелен идентитет

од Vladimir Zorba
481 прегледи

Лесно е да се движиш напред кога имаш добра идеја и јасно определена цел. Токму тоа деновиве го покажува и Комерцијална банка, која во јавноста се појави со нов визуелен идентитет: променет и обновен изглед, ново лого, модернизирани филијали, нов слоган и нов корпоративен спот.

Корисниците на Банката отсега ќе можат да се запознаат со нејзиното работење и на сосема нова веб-страница. Ова е очигледен знак дека Комерцијална банка оди по патеката на промените кои се неминовни во секое постоење. Нејзиниот менаџмент одлично знае дека секое време има различни проблеми на кои треба да им се одговори онака како што бараат потребите.

Овој пат, модернизацијата се гледа во новите, дигитализирани експозитури, он-лајн услугите и големиот број нови можности кои им се нудат и на физичките и на правните лица. И логото, чијашто основа е иста, доживеало промена која се гледа во прочистените и елегантни линии, а пак корпоративниот спот е приказна за себе, почнувајќи од музичката подлога со безвременскиот македонски хит „Како Вардар ќе дотечам“, па сѐ до интензивно емотивните сцени во кои се гледа разбирањето и поддршката меѓу луѓето – покажувајќи го така односот меѓу Банката и нејзините клиенти.

Оттаму не е ни чудо што нивниот нов слоган е ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО.

Слични содржини