Зиков: Резултатот е 0:0, за Скопје ќе одлучат гласовите на Шакири и Камиказа

од Nikola Popovski
613 прегледи

Не би рекол дека сме го добиле победникот. Од аспект на втор круг, би бил резервиран од бројките на тоа како би бил понатамошниот тек. Сепак постојат 30 општини кои чекаат во вториот круг, вели политичкиот аналитичар и новинар Љупчо Зиков во емисијата „24 анализа“.

Тој смета дека во моментов резултатот е се уште 0:0.

-Во вториот круг се двајца и мислам дека овде одлучни ќе бидат гласовите кои ќе останат во корпусот на Шакири, Камиказа и други независни и тука ќе бидат гласовите на албанските партии. Ова е почеток на една нова трка во овие две недели и сметам дека Шилегов е во предност. Мислам дека многу симпатизери на СДСМ не излегоа да гласаат во првиот круг и дека сега ќе излезат во вториот, истакнува Зиков.

Слични содржини