Бугарија воведува задолжителен ковид-сертификат за влез во ресторани, театри, кина, концертни сали, спортски сали, клубови и трговски центри, бидејќи земјата се соочува со пораст на бројот на луѓе заразени со коронавирус.
Министерот за здравство Стојчо Кацаров синоќа изјави дека новата дигитална или хартиена здравствена пропусница потврдува дека носителот бил вакциниран, дека неодамна се опоравил од Ковид-19 или дека бил негативен на тестот..
„Бројот на заразени луѓе расте, бројот на смртни случаи исто така расте, што не принудува да преземеме дополнителни мерки“, рече тој и предупреди дека местата што не ги почитуваат правилата ќе бидат затворени.
Бугарија, со седум милиони жители, денеска пријави 4.979 нови случаи и 214 смртни случаи, а дневниот број на заразени постојано се зголемува од почетокот на септември.
Според официјалните податоци, Бугарија имаше највисока стапка на смртност од коронавирус меѓу земјите на ЕУ во последните две недели, а 94% од смртните случаи беа невакцинирани луѓе.
Здравствените власти ја обвинуваат недовербата на јавноста во вакцините и владата за сегашното ширење на инфекцијата. Само 25% од возрасните се целосно вакцинирани во Бугарија.
Зелениот ковид-дкумент, исто така, ќе биде задолжителен во болниците, домовите за стари лица и на факултетите за настава во живо.