416
Очекувам да победам во Тетово со 2:1 во вториот круг од изборите, вели претседателот на БЕСА и кандидат на партијата за градоначалник во Тетово, Билал Касами за емисијата „Топ тема“.
Тој истакна дека ја очекува поддршката од сите граѓаните на градот, без разлика на партијата.
-Сите живеевме во град со ѓубре, опасност од кучиња, без пат и вода за пиење и тоа мораме да го промениме, рече Касами и додаде дека на централно ниво имаат стабилна владина коалиција.
-И понатаму ќе бидеме дел од Владата. Очекувам од СДСМ да ме поддржат во Тетово, вели меѓу другото Касами.