Колку пари ќе имавте денес, доколку пред 10 години инвестиравте 1.000 долари во Netflix?

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Пред точно 10 години, акцијата на Netflix се тргуваше по 15,63 долари по акција.

Доколку инвестиравме 1.000 долари во компанијата во октомври 2011 година, денес ќе имавме 40.430 долари, проценува CNBC.

Ова е еднакво на поврат од 3,900% во последните 10 години. За споредба, истиот износ вложен во индексот S & P500 би се зголемил за 356,8%, или со други зборови – би станал 4.568 долари.

Во овој период, пазарната капитализација на Netflix се зголеми од 5,7 милијарди долари на 279 милијарди долари.

Во 2011 година, Netflix имаше 23,5 милиони претплатници, додека денес тие се веќе 214 милиони, а само во следниот квартал се очекуваат нови 8,5 милиони претплатници.

За споредба, Disney Plus има 116 милиони претплатници. Платформата Netflix сега е достапна во повеќе од 190 земји низ целиот свет, вклучувајќи и во Македонија.

Слични содржини