Не е тајна какво влијание има трансферот на Лионел Меси, еден од најдобрите досега, во редовите на Пари Сен Жермен врз целиот фудбалски свет.
Уште од неговото пристигнување при потпишувањето на договорот, симпатизерите на Париз се воодушевени од фактот што минијатурниот Аргентинец по 18 години ја напушти Барселона и го избра Париз како нова дестинација.
Во корист на сето тоа зборува сликата што беше снимена на завчерашниот натпревар на кој ПСЖ го пречека Лајпциг, а едно момче од трибините беше во центарот на вниманието, токму поради Лео Меси.
Имено, едно момче држеше транспарент во рацете во текот на целата игра, што во превод на македонски значи „Лео, дај ми го дресот, а јас ќе ти ја дадам мајка ми“. Сликата подоцна станат вирална и го обиколи светот.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен на домашен терен го совладаа тимот на Ред Бул Лајпциг со 3:2 по голем пресврт. Токму Меси го сврте резултатот со своите голови во 67 -та и 74 -та минута од играта, а токму тој им ги донесе првите три бода на Парижаните во новата сезона од Лигата на шампионите.