За тоа на што се базира одлуката за после три месеци да се даде трета доза вакцина против Ковид-19,министерот за здравсство Венко Филипче рече дека ги следат препораките на меѓународните институции и дека дел од нив препорачуваат тие луѓе кои се вакцинирани со „Синофарм“ малку порано ја примат третата бустер доза. Значи, појасни министерот, се уште важи препораката за шест месеци за сите вакцинирани со другите вакцини „Астра“и „Фајзер“, а ова е само за вакцините на „Синофарм“.
– Се донесе и уште една препорака, а тоа е да се скрати времето до третата доза за вакцина за граѓаните вакцинирани со вакцината на „Синофарм“ и тоа веќе се спроведува, така што вчера околу илјада пациенти беа вакцинирани со трета доза, верувам дека за тоа ќе има интерес, рече Филипче.
На новинарско прашање дали случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово ќе се заборави или сепак на крај некој ќе понесе одговорност, Филипче рече „не, има се уште истрага во обвинителството, така што не би коментирал за тоа ништо“.