Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред граѓаните Радовиш каде беше во кампања пред вториот круг од локалните избори.
Според него, „новата иднина која ја ветуваат е влез во Европската унија без уцени и пазарења од кои граѓаните ќе се срамат, односно како што вели тој без подголтнување и грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега“.
„Новата иднина е на дофат. Потребен е само уште еден исчекор. Уште еден значаен потег, а тоа е 31 октомври. Зад параванот за гласање вие ја имате силата, вие сте силата на Македонија, а ние сме вашиот глас во институциите кои ќе ги менуваме и затоа сме на чекор до новата иднина“, изјави Мицкоски.