Џо Бајден: САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне

од Milan1
316 прегледи

САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне. „Не сакам Студена војна со Кина, само сакам Кина да знае дека нема да отстапиме и да ги промениме нашите ставови”, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Тој исто така рече дека луѓето не треба да се сомневаат во воената моќ на Вашингтон, бидејќи „Кина, Русија и сите други во светот знаат дека ја имаме најмоќната армија во човечката историја”.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина достигнаа врв во последните 40 години, рече тајванскиот министер за одбрана овој месец, нагласувајќи дека Кина е способна да организира целосна инвазија на Тајван до 2025 година.

Слични содржини