ССМ: Бараме минималната плата да изнесува 60% од просечната, тоа е европски критериум

од Nikola Popovski
529 прегледи

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека има работодавачи кое не сакаат да ја платат минималната плата, согласно колективниот договор.

-Затоа се решивме да утврдиме една минимална плата. Го следиме зголемување на цените и неопходно е таа да се усогласи со другите плати. Не може секој работник да земе минимална плата согласно неговото работно место и сложеност на работа. Не може хигиеничарката и рецепционерите да земаат една иста плата. Имаме колективен договор и тој нуди повеќе видови на плата, информира Димовски.

Тој наведе дека пред 9 месеци доставиле барања до Владата, каде што бараат минималната плата да изнесува 60% од просечната плата.

-Тоа е европски критериум. Таа кај нас се усогласува само еднаш годишно во месец март. Исто така вчера на состанокот на ССМ се разговараше и за плаќањето работен час, додаде Димовски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини