Јавното сообраќајно претпријатие, Скопје денеска информира дека од понеделник (25.10.2021 година) ќе има нова автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.
-Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје.
Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“, велат од ЈСП Скопје.
Ќе се користат посточеките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:
*од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч.
*од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.