Мицкоски: Народот ќе му помогне на Заев да ја донесе вистинската одлука

од Nikola Popovski
278 прегледи

Во ВМРО-ДПМНЕ нема поделеност, тоа е компактна партија. Утре имаме централен извршен комитет на партијата во Охрид и таму ќе зборуваме за можното политичко делување во вториот круг за општините каде што немаме кандидати, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред медиумите.

Во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека доколку не го освојат градоначалничкото место, може да ја напушти функцијата во владата, Мицкоски вели „волкот влакното го менува, но карактерот не“.

-Навикнати сме на променливи позиции на премиерот. Не би ме изненадило доколку после 31-ви октомври ја промени својата изјава. Тој ден ќе се случи народот, кој ќе му помогне да ја донесе вистинската одлука, која што ја кажа веќе еднаш, порачува Мицкоски.