Македонската историска комисија: Изненадени сме од тврдењата на Ѓорѓиев

од Nikola Popovski
422 прегледи

Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев, би сакале да истакнеме дека со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение, велат со реакција од македонскиот дел на мешовитата историска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Според нив, научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

-Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието, се вели во реакцијата на Комисијата.

Слични содржини